Друштво за заштита на авторските права МАКАРА ДОО Скопје со својата дејност опстојува на македонскиот пазар на услуги од 1993 година.
Целна група на нашите услуги се сите издавачки друштва, научно образовни, културни и други институции како и владини и невладини организации кои ангажираат надворешни соработници кои со својот интелектуален и творечки труд учествуваат во реализација на нивни проекти.
Нашата услуга е во делот на застапување на авторите во остварувањето на нивните материјални права, склучување на договори, изработка и достава на фактури до корисниците, исплата на авторските хонорари на нивните трансакциони сметки, водење на евиденција за приходите и уплатен персонален данок преку е-ППД (електронски систем) на УЈП.
Со отстапување на овие работи на нашата агенција Вие добивате повеќе време за дејноста со која се занимавате како и побрз пристап до Вашите целни групи.
За сите подетални информации како можете да не контактирате и каде може да не најдете, Ве молиме да видите во делот Контакт.