Со користење на нашите услуги Вие добивате повеќе време за Вашиот бизнис!
______________________________________________________________________________________________________

Закони

 

(Сл.весник на РМ бр.47/96, измени објавени во Сл.весник бр.98/2002 и 4/2005, интегрален текст објавен во Сл.весник бр.23/2005).

Поважни одредби од Законот кои содржат основни информации за неговата содржина:

Член 3.

Авторско дело, во смисла на овој закон, е иднивидуална и интелектуална творба од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување, доколку со овој закон не е поинаку определено.

За авторско дело се смета особено :
» пишано дело како, книжевно дело, напис, статија, прирачник, брошура, научен труд, расправа и слично;
» компјутерска програма, како книжевно дело;
» говорно дело, како, говор, беседа, предавање и слично;
» музичко дело, со или без текст;
» драмско, драмско-музичко и куклено дело;
» кореографско и пантомимичарско дело, фиксирано на материјална подлога;
» фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската;
» кинематографско и друго аудиовизуелно дело;
» ликовно дела, како слика, графика, скулптура и слично;
» архитектонско дело;
» дело од применетата уметност и дизајнот;
» картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областана географијата, топографијата, архитектурата или друга научна, образовна, техничка или уметничка природа.

Член 61.

Авторското право трае за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Член 112.

Авторот на компјутерската програма има исклучиво материјално право да ја користи програмата и да дозволува или забранува користење на програмата за :
» репродуцирање, како и внесување, прикажување, користење, пренесување или чување на компјутерската програма, доколку овие дејствија наложувааат таква репродукција;
» преведување, адаптирање или било која друга преработка, како и репродуцирање на резултатите од таа преработка, без да се повредат правата на лицето кое ја извршило таквата преработка и
» дистрибуирање на оригиналот на компјутерската програма или нејзините копии во било каква форма.
Авторот може со договор да ги пренесе правата од став ж на овој член на трети лица.